Денеска протести во повеќе градови

На иницијатива на здружението „За заедничка Македонија” денеска се најавени  протести во неколку градови низ државата меѓу кои  во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево.

Организаторите на собирот велат дека целта е зачувување на унитарноста на државата.

На вчерашниот протест во Скопје беше најавено дека тие ќе се одржуваат секој ден сѐ додека не се исполнат нивните барања – политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија и дека нема да работат на промена на името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e