Денеска променливо облачно, слаб локален дожд во источните делови

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаб локален дожд претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе биде во интервал од четири до 10, а максималните ќе достигнат од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до четири, а максималните ќе достигнат до 17 степени.

За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец кој во сабота ќе биде поизразен во западните делови од земјата. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e