Денеска ќе биде отворена Младихаб – канцеларија на претседателот Пендаровски

Младихаб – канцеларија на претседателот на Република Северна Македонија ќе биде отворена денеска во центарот на Скопје, а во рамките на промоцијата на проектот ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Дигитални вештини и трансформација на општеството”.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на панелот ќе се обратат шефот на државата Стево Пендаровски, британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј, проектната координаторка на Младихаб, Гордана Колова, како и Анета Антова Пешева, претседателка на УО на МАСИТ.

Новиот проект Младихаб се реализира во соработка со Британската амбасада, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Националниот младински совет. Просторот во центарот на градот, освен на граѓански организации, ќе им биде отстапуван и на други млади уметници за организирање настани од различен карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e