Дебата Груевски – Заев: Цели 18 години без дебата

Лична волја за претставување пред гласачите или обврска за соочување – зошто граѓаните во земјава се лишени од ТВ дуел на лидерите на наjголемите политички партии, оние лидери кои сакаат со гласот на народот да седнат во премиерската фотеља.

Аналитичарите велат дека отсуството на дебата е еден од показателите и за отсуство на демократски капацитет. Страв од соочување на аргументи, слабост пред фактите или омаловажување на електоратот – зошто политичките елити бегаат од меѓусебни тет-а-тет средби?

Нема демократија без дебата, без дебата нема демократија …

“Ова што сега го гледам и слушам, кога политичарите сами за себа си кажуваат убави работи, набројуваат успеси, зборуваат дека е се најубаво, не личи на ништо. Јас иако знам за кого ќе гласам на изборите што сега ги најавуваат за во декември, сепак сакам да слушнам како на пример Груевски и Заев би зборувале на дебата, сакам да видам како двајцата ќе ги соочат мислењата“ – вели пензионираниот Благоја.К.

Граѓаните секојдневно се изложени на спорадични, парцијални и изолирани интрвјуа со политичарите, а дел од тој амбиент се и средбите со граѓаните кои треба да манифестираат близина со гласачот. Но, според познавачите овој модел на “самопромоција“ е нешто сосема различно од формата на вистинска дебата, соочување на различните политики, концепт, понуда и пристап преку аргументи, очи во очи, а не преку “валкана кампања“ изработена од партиски кујни, а не ретко спроведувана од дел од медиумите со која најчесто се оцрнува и омаловажува политичкиот опонент.

Цели 18 години граѓаните на Македонија се лишени од ТВ дуел во кој би учествувале лидерите на најмоќните и најбројните партии, на оние политичари кои се борат за фотељата во премиерскиот кабинет. Дуелите на политичарите кои практично значат мегдан за битка со аргументи, а не со оцрнување, е потврда за присуство на деморатски капацитет и на општеството и на тие што го водат, оценуваат експертите за односи со јавност.

“Во Македонија ситуацијата е дијаметрално спротивна. Наместо партиципитивна, ние „негуваме“ патријахално-поданичка политичка култура која не само што не го негува дијалогот, туку го смета за непотребен. Во нашето општетсво се поаѓа од тезата „што има јас да разговарам со него, кога тој не е достоен за мене. Во ваков вид општества, комуникацијата на голем број субјекти, вклучително и на политичките актери се сведува на емитување на пораки кон масите кои не претсавуваат ништо друго освен политичко „ЕПП“. За жал, заради степенот на политича (не)култура на граѓаните, наместо да се казнува оној што ја практикува овој вид на комуникација, се чини дека го наградува. И затоа она што е нормално во демократските општества, овде станува непосакувано”, вели за “Фактор“, Гоце Пачемски, специјалист за односи со јавност.

Љубчо на Бранко, Бранко на Никола, Заев на Никола…

Последниот телевизиски дуел се случи во 1998 година, пред парламентарните избори, кога во студиото, еден спроти друг седнаа тогашните, лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски и лидерот на Вмро-Дпмне, Љубчо Гергиевски.

“Токму Вие господине Георгиевски го променивте сопственото име, од Љупчо во Љубчо, со “б“. Токму Вие господине Георгиевски го поставувате, односно го поставивте прашањето за македонските историчари, да ви дадат доказ со кој ќе покажат дека истакнатите дејци од илинденскиот период навистина се чуствувале македонци“ – рече во ТВ дуелот тогашниот претседател на СДСМ, Црвенковски.

426-635x400

Зборови не штедеше ниту Георгиевски.

“Дали луѓето кои треба да останат во континуитетот се луѓе на кои им е потребно да испијат по шише виски дневно и потоа да се трезнат со грам кокаин“ – рече меѓудругото, поранешниот лидер на Вмро-Дпмне, Георгиевски.

Од 1998 година, кога се случи предизборниот дуел, до сега се оддржаа 13 изборни циклуси, од кои четири локални, четири претседателски и шест циклуси на парламентарни избори.

Во 2014 година, во еден од своите настапи лидерот на опозициската СДСМ упати отворена порака до тогашниот премер и лидер на Вмро-Дпмне за телевизиско соочување.

“Нека бира дали сака на Сител, Канал 5 или МТВ да разговараме за проблемите и за конкретни проекти“ – рече шефот на опозицијата Заев.

Претходно, покана за телевизиско соочување до лидерот на Вмро Дпмне, и тогашен премиер упати и поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Од позиција на премиер и прв човек на владејачката партија, Никола Грувески не прифати ниту една од овие понуди.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e