Дали вчерашниот потег на Мицкоски беше за обезбедување нови шест месеци “мир во куќа”?!

-Јас на сопствено барање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој што нема да се кандидирам. Централниот комитет, откако ја напуштив салата, го одби едногласно моето барање и не се согласи со ваквиот предлог. Со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам да раководам со ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Мицкоски.

Но, што се крие зад овој потег на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ? Дали е ова добро осмислена стратегија преку која Мицкоски добива на време, во период кога од многу поранешни и сегашни партиски функционери се бара негова оставка.

Според статутот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку Централниот комитет не изгласа потреба од одржување на вонреден конгрес, такво ново барање не може да се иницира во наредните шест месеци.

статус

Со овој потег, Мицкоски всушност си обезбеди шест месеци “мир во куќа”. Во тој период, најверојатно ќе продолжи со кадровските смени, односно, ќе постави негови луѓе од доверба за да му го чуваат “грбот”.

Исто така, организирајки разно-разни протести, Мицкоски ќе се обиде да го мотивира и убеди членството дека токму тој е човекот кој сака да го порази Заев. Но дали е така, ќе покаже времето.

Од друга страна на СДСМ му одговара на чело на опозицијата да го има Мицкоски со сите истрошени кадри околу него. Јавноста, во него не гледа сериозен потенцијал кој може да обединува. Тој во изминатиов период за сите клучни прашања по државата немаше став. Дома продаваше патриотизам а надвор нешто сосема друго. Таа негова несериозност и неконзистентност, го доведе во состојба на неколку последователни порази.

Дури и Петар Богојевски, поранешниот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и промотор на “Македонски концепт” смета дека со овој потег на Мицкоски, Заев си обезбедил и трет мандат.

Со своја реакција излегоа и од иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес:

„Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Се уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада.” – велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e