Дали ќе им важат дипломите на 107 студенти од штипскиот универзитет

Прашањето со македонско – турските дипломи мора да се реши, реагираат дел од Универзитетите во Македонија и бараат одговор од Министерството за образование што точно се случува. 24 Вести веќе контактираше некои од Универзитетите и школите. Од штипскиот универзитет Гоце Делчев велат дека утре ќе свикаат колегиум, а меѓу точките ќе се најде токму и оваа . Во краткиот разговор велат:

„Во моментот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип има 107 активни студенти од Турција, 25 веќе се дипломирани. Ова е прашање кое секако ги засега и студентите и самиот Универзитет. Утре на колегиум веројатно ќе биде разгледана и оваа точка и ќе бараме одговор од МОН што точно се случува“.

Од училиштето „Јахја Кемал“ пак велат дека не се засегнати со проблемот бидејќи, само 2 отсто од учениците се решаваат своето образование да го продолжат во Турција. А најголем дел продолжуваат во реномираните светски и европски образовни установи.

Одлуката за раскинување на договорот беше објавена и во  Службен весник на Р.Турција  каде се наведува дека договорот потпишан на 6 јули  1998 престанува да важи.  Турските медиуми веќе ги објавија имињата на факултетите на кои тоа се однесува, а меѓу нив се споменуваат УКИМ, Универзитетот Гоце Делчев, Тетовскиот универзитет, ФОН, и Европски универзитет.

Во интервју за 24 Вести Ректорот на ФОН, Нано Ружин пак вчера истакна дека студентите нема да бидат оставени на цедило и дека мора да се изнајде заедничко решение.

Сепак, според Ружин главната причина за лошиот углед на образованието во земјава  го наметнале како што рече и самиот, Фантомските факултети кои многу чинат, а не им го даваат соодветниот третман на студентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e