Дали ќе „ги исчистиме“ последиците по здравјето од „Охис“?

„Охис“ од некогашен хемиски гигант кој во поранешна Југославија хранел повеќе од 5000 семејства, денес е реална закана по здравјето на жителите од овој дел на Скопје, но и пошироко. Четвртти ден по инцидентот со излевањето на цистерната во дворот во која што претходно бил складиран Метил Акрилат Мономер јавноста и невладиниот сектор се сериозно загрижени за последиците кои може да ги предизвика оваа отровна материја иако надлежните смируваат дека ситуацијата е под контрола.

ohis vinil hlorid
Министерството за животна средина смируваше дека, согласно мерењата на Штипскиот универзитет, во воздухот немало отровни супстанции и дека надлежните целосно го следат случајот и секако ќе се бара одоговорност од субјектите кои направиле пропусти .
Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен, но со дополнителни анализи надвор од земјава треба да се утврди колкави елементи на метил акрилат мономер имало во водата.
Интервенцијата и увидот на МВР, инспекциските служби, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ, е како резултат на пријава од граѓани кои почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката и имале главоболки, печење во грлото и очите. – споделуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Иако од расположливите информации, досега нема пријавено граѓани кај кои се увидени здравствени проблеми причинети од настанатата ситуација овој еко инцидент, покрај редовното заерозагадување во главниот град Скопје, води кон вистинска еко катастрофа.
Деновиве, Филип Темелковски, првиот човек на општина Кисела Вода, на чија територија е лоцирана фабриката, излезе со став дека иако во минатото Охис бил карактеризиран како Г-1, тешка и загадувачка индустрија во иднина нема да може на оваа територија да функционираат хемиски фабрики кои би загадувале.
Скопската компанија “Екоцентар 97” која е надлежна за дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи во кругот на ОХИС во врска со инцидентот појаснуваат дека цистерната во која што претходно бил складиран Метил Акрилат Мономерот била наполнета со вода со цел да се испере и да се отстранат остатоци од хемикалиите и истата да стане неопасен отпад.
-При полнењето на цистерната не е забележано течење или неисправност. Во текот на ноќта на 7-ми ноември, едниот вентил попуштил и дошло до истекување на вода со остатоци од Метил Акрилат Мономер во безбедносни бетонски базени – танквани. Водата се задржала во самите базени и нема истекување во почвата и подземните води. – појаснија вчера од „ЕКоцентар 97“. .
Веднаш по пријавување на инцидентот, согласно процедурите, водата е собрана во АДР буриња и истата е подготвена за транспорт и согорување, велат од компанијата.

ohis6

Во Охис некогаш се произведувале средства за чистење, а по повеќе од две децении, денес, треба да „да се чистат“ последиците од 11-те видови отров распрослан во дворот на фабриката.

Најопасен се смета виниум хлоридот.
„Останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со виниум хлорид за која се уште немаме конкретно решение затоа што во летниот период кога добивме решение за елаборат од министерствоо, веќе беше јуни месец. А, на такви високи температури над 20 степени не е препорачливо и законски не е дозволено да се оперира со таков вид на опасен отпад“,појаснува директорот на „Екоцентар97“ Владо Момировски.
Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули исто така се согласува дека најпроблематичен е виниум хлоридот .
Цистерната со е виниум хлоридот се чува со 24 часовна служба бидејќи во процесот на транспорт температурата не смее да биде над 20 степени. Така го одржување и во моментов. Опасно е и ризично, затоа тоа не е извезено од нашата држава“, изјави Јани Макрадули во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Додека надлежните ги спроведуваат постапките за утврдување од потенцијалните штети од „дворот на Охис“граѓаните имаат право да се сомневаат дека метил акрилат мономер кој истече и цистерната со виниум хлорид, но и низа други супстанции чии називи тие не ги знаат, полека, но сигурно може да станат дел од нивниот организам и, најстрашното, да бидат причина за највредното – човековото здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ