Д-р Георгиев, д-р Дудучки и д-р Стаменковски говореа на трибина во Кр.Паланка на тема “стрес”

Во среда на 16.11.2016г во хотелот Турист во Крива Паланка се одржа трибина на тема “Менаџирање на стрес во услови на економска и политичка криза”.

Свое обраќање пред присутните имаа д-р Антонио Георгиев, кардиолог, д-р Мице Дудучки, психијатар невролог и д-р Бранко Стаменковски, хирург.

2

 

Откако модераторот на трибината, Борјанчо Мицевски ги претстави тројцата гости, се осврна на неколку факти како вовед во темата.

“Според научни информации, стресот е најголема опасност за секој човек кој живее во ова денешно современо опкружување. Светската здравствена организација веќе има прогласено светска епидемија од болести од стрес. За Обединетите нации, работниот стрес е прогласен за болест на 21-от век. 75 проценти од популацијата барем два пати неделно искусува некаков стрес.” – изјави во најавата Мицевски.

“Замор, несоница, вознемиреност се првичните симптоми за хроничен стрес. Причините се бројни, пред се економските, материјалната состојба, политичките услови, притисокот од работните обврски, мобингот. Стресот се јавува во неколку облици, но тој за наша среќа може да се менаџира со балансирана исхрана, балансиран социјален живот и балансирана физичка активност и релаксација.

Сите ние живееме во една тешка материјална сиромаштија, во една потоната држава. Од пред десет години двојно сме посиромашни а три пати по задолжени како држава, огромна невработеност и четвртина од населението кое е отселено од државата. Значи сите услови за да биде создаден стрес кај сите од нас. Но стресот не застанува тука, тој понатаму преминува во страв. Страв од убивање на сите наши визии, сите наши способности и идеи за просперитет во животот.

Но гледајки ве вас, гледам победници, затоа на 11 декември очекувам силен граѓански одговор на оваа бандидска власт. Очекувам стравот и стресот да ги замениме со задоволство и успех.”  – рече пред присутните д-р Антонио Георгиев.

“Стресот е одговор на нашиот организам во биолошка, психолошка и социјална смисла. Нема да претерам ако кажам дека стресот е тивкиот убиец на човештвото во 21-от век. Но многу е битно, колкав е интензитетот на стресот, каде се нашите одбранбени механизми, какво значење има стресот за нас како личност.

Во денешно време стресот се јавува, најчесто во недостаток на слобода, граѓански права, правдина. Ништо не боли толку како неправдата.

Клучниот проблем на совладување на стресот е да го намалиме тој проклет страв, таа егзистенцијална аксиозност која сите нас не прати. Никогаш не треба да бидете роб на вашите погрешни мисли. Погрешна мисла е дека сме петта економија во светот а сме шампиони во сиромаштија, дека имаме прекрасна здравствена заштита а сме шампиони по смртност на новороденчиња.

Економската состојба, одливот на мозоци од нашата земја, вклучувајки го и моето дете кои ја напуштија оваа земја, тоа за нас како родители е огромен стрес.

Сите заедно, доколку се избориме да имаме држава во која ќе владее правото, да имаме сите подеднакви права, да створиме граѓанско општество и ги искористиме сите потенцијали што ги имаме за добробит на сите наши граѓани, на тој начин ќе го намалиме стресот и ќе ги намалиме сите страдања што како граѓани секојдневно ги доживуваме.” – потенцираше д-р Дудучки.

“Во малите средини како што е Крива Паланка, нашите сограѓани се` повеќе се изложени на стресни ситуации. Овде, бидејки сите меѓу себе се знаеме и си ги знаеме проблемите, многу полесно е да се врши притисок, уцени, закани, заплашувања.

Во Крива Паланка, нема ниту еден поголем стопански капацитет, останаа само неколку конфекции во кои знаеме во какви мизерни услови работат вработените. Сите тие се изложени на стрес.

Затоа, мислам дека сите веќе се свесни дека секој на свој начин треба да го даде својот допринос, да ја тргнеме оваа власт и да ги вратиме институциите на здрави основи.” – рече д-р Стаменковски.

3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4

 

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e