Циклонот Луцијан го претвори Скопје во Венеција – над 10 возила со штета

Циклонот Луцијан денеска ја зафати Македонија, а штети и големо невреме имаше во  Скопје каде по улиците течеа реки.

Искршени беа дрвја, а имаше и откорнат покрив од зграда.

Обилни врнежи од дожд имаше во северните делови на земјата.  Најмногу дожд наврна во Куманово,  20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје Зајчев Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопштија од УХМР. Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд.

Од  Кризниот штаб на Градот Скопје рекоа  дека станува збор за природна несреќа. Од штабот објаснуваат дека ветерот со брзина од над 72 километри на час се смета како природна несреќа, а денешниот ветер дувал со брзина од над 80 километри на час.

Од Кризниот штаб соопштуваат дека се мобилизирани сите јавни претпријатија во земјата за да ги расчистат блокираните канализации и патиштата од откорнатите дрвја и скршените гранки. Се работи за повеќе од 30 паднати дрва.

Од полицијата информираа дека до 14 часот, на територијата на градот Скопје имало евидентирани 10 оштетени возила. Од градската управа апелираат лицата кои претрпеле материјални штети да ги пријават на телефонскиот број 195.

Луцијан е името на циколонот кој што денеска беснееше и во соседството, а метеролозите најавуваат дека не ја напуштил  Македонија.

Невреме имаше во повеќе балкански земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e