Царовска: Продолжување на вонредна состојба не е потребна,беше потребна за носењето на уредби со законска сила, економските мерки

Владата за ова како и за сите други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови- истакна потпретседателката на СДСМ ,Мила Царовска на гостувањето во емисијата Отворено на ТВ 24, во однос на можноста за продолжување на вонредната состојба која завршува во сабота.

Таа поосочи дека исцрпени се сите потреби од неа, согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба.

“Вонредната состојба и дава можност на Владата да носи потребни мерки со цел подобро справување со коронакризата, последната беше потребна токму заради третиот економски пакет односно носење на уредби со законски сила”, рече Царовска.

Во однос на здравствениот аспект, Царовска посочи дека добро е што болниците не се преоптеретени,односно здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна.

“Секој е одговорен за своето и здравјето на другите. Имаше доста граѓани кои присуствуваа на настани без потербните протоколи за заштита. Имаше изречени мерки, секако тоа требаше да биде позасилено, но не исклучиво преку репресија,туку и други начини како информирање”, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ истакна дека верските настани очигледно донесоа раст на новозаболени, за жал не се исполнија очекувањето дека верските лидери ќе испорачаат изјави и пораки за заштита на верниците.

“Очекував дека синхронизирано ќе ги повикаат граѓаните да ги почитуваат мерките, но тоа не се случи”, рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e