Царовска на средба со жителите на Драчево: Гласајте за “Можеме”, нудиме перспектива за идните генерации

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, вечерва се сретна со жителите на населба Драчево и ги повика да гласаат на 15 јули и да го заокружат бројот 3.

“Нудиме нова развојна економија која носи стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Гарантираме повисоки плати и подобри работни места. Воспоставуваме модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца, младите и идните генерации”, рече Царовска.
Carovska1“Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите”, рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ се грижи и за повизрасните.

“Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите” рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e