Царовска: Ако треба уште 200 пати ќе се вратам во Тимјаник за да им објаснам на жителите

Тимјаник вчера покажа дека на македонското население му треба едукација. Природно е да се плашите од нешто што не го знаете. Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму. Сакаме жителите да разберат за што се работи. Има простор за дискусија независно дали ќе се отвори и градинка и мал групен дом. Ќе покажеме дека можеме да пораснеме како општество, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека за надминување на вакви ситуации не се доволни само кампањи и дејствувања на граѓански организации, туку е неопходно интервенирање преку образовниот процес, уште од најраната предшколска возраст.

Освен на отворање мали групни домови, Министерството за труд фокусот го става и на згрижувачките семејства како еден од најдобрите облици на прифаќање деца без родители или со попреченост.

–  За згрижување деца нема толку голем одѕив како што има за посвојување миленичиња. Мора да поработиме на ова поле зашто овој тип алтернативна форма на згрижување деца нуди најтопла атмосфера, како што е во нормалните семејства. Многу е важно да ги поттикнеме граѓаните што ги изгледале своите деца, а сакаат да споделат љубов, тоа да го сторат, истакна Царовска.

За претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс реакцијата на жителите од Тимјаник е очекувана и типична за случај кога се спроведува транзиција и кога на маса се ставаат тешки теми.

Според него, жителите на Тимјаник можеби не се толу исплашени од децата со попреченост, колку што се обременети со егзистенцијални проблеми како сиромаштијата, опфатот во детскиот развој, образованието, здравството,…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e