Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска изјави дека 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата, односно за нив била искористена мерката за субвенционирање на придонесите.
Ова субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за зголемена плата од 600 до 6.000 денари го оцени како позитивно по еден месец од воведувањето на мерката.
– Просечното зголемување на платите кај овие овие 44.940 била 4.100 денари. Во реалниот сектор има 490 илјади работници, така што овде зборуваме за зголемување на платите кај 9 отсто од нив, рече Царовска.
Таа очекува дека до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се зголеми 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот.