Бујар Османи и Бојан Маричиќ – главни преговарачи со ЕУ

Утрово во Владата на РМ беше одржана тематска седница посветена на скрининг процесот за почеток на пристапните преговори со Европската унија. На седницата беа донесени неколку одлуки поврзани со преговорите со ЕУ. Како што соопшти премиерот Зоран Заев, за шеф на делегацијата и главен преговарач е назначен Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања, а негов заменик и главен технички преговарач ќе биде сегашниот посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ.

“Догодина ова време ќе ги отвориме првите поглавја за членство во Европската Унија”, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, кој се наоѓа во посета на земјава.
„Лани во Брисел со еврокомесарот Хан и високата претставничка Федерика Могерини договоривме заеднички пристап за исполнување на условите за напредок во Унијата. Се договоривме дека ќе испорачаме резултати, а ЕУ ќе испорача соодветна награда. Врз основа на успехот на реформскиот план 3-6-9, Македонија доби безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Заев.

Според најавите пристапните преговори помеѓу Македонија и ЕУ треба да започнат во јуни 2019 година, а до тогаш земјата мора целосно да го спроведе договорот со Грција, но и започнатите реформи во правосудството и јавната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e