Пратеникот Петрушевски со брутална навреда, вербален и обид за физички напад кон пратеничка од СДСМ

Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, токму ние жените пратенички сме секојдневно изложени на политичка некултура, шовинизам и сексизам од страна на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа вчера од СДСМ откако беа вознемирени од чин на брутална навреда, вербален и обид за физички напад на колегата Бране Петрушевски кон пратеничката Жаклина Лазаревска.

Силно го осудуваме овој чин. Пратеникот Бране Петрушевски должи јавно извинување и тоа е најмалку што може да го направи. Имаме и други механизми кои веројатно е крајно време да бидат активирани!

Итна промена на Етичкиот кодекс од комисијата за мандатно имунитетни прашања;
Итна промена на деловникот на Собранието за санкционирање на вознемирувањето на работното место!

Во Домот на демократијата мизогинијата, омраза или предрасуда кон жените, не смее да биде оружје за дел од колегите пратеници со кое се пресметуваат со нас жените.

Говорот на омраза спрема жените не смее биде наше секојдневие и ние тоа нема да го толерираме, порачаа доцна синоќа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e