Бошкоски до Никола Груевски: Избега од семејството и од Македонија, остави кукавичино гнездо

Фејсбук статус на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски-одговор на експремиерот Никола Груевски кој на Фејсбук излезе со коментар за ослободителната пресуда за случајот Кампања.

„Вчера, македонската јавност беше сведок на ослоботителна пресуда, која ја добив во процесот „Кампања”. Пресуда на која претходеше меѓународна пресуда од Судот за човекови права од Стразбур.
Пресудата од Старзбур и пресудата од македонскиот суд потврдија дека е повредено моето право и дека цели пет години, како и во другите судски процеси што се водеа против мене, невин лежев во затвор. Не сум изненаден каква човечка кукавица е бегалецот од Будимпешта, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, го остави најсветото.
Тој лажно се декларира дека е ВМРО, а највисоката вредност во народните демохристијански и конзервативни партии е семејството. Тој, прво, си што напушти своето тричлено семејство, својата мајка, и на крајот, како што и тој вели, најсветото – Македонија. Оставајќи тука кукавичино гнездо, кукавичините јајца во вид на ботови, кои и под овој мој текст ќе ги пишуваат недоличните фрази „треба да се убие”, „предавник”, „сестра Љубе” итн.
Јас, за разлика од бегалецот, исправен пред правдата ги издржав невин единаесетте години за моето семејство, кое ми е најсвето и за мојата највозвишена цел – Македонија.
Ќе ја прашам будимпештанската кукавица и бегалец: „Од која позиција во разговорите со министерот за надворешни работи и со братучед му, еден од најпознатите балкански и европски криминалци, договараат буквална промена на името Македонија. Па зборуваат… па прашува кукавицата од Будимпешта: Дали сакате, што мислите вие, дали да биде горна, северна, јужна Република Македонија (Скопје)… повторувам, зборувам за кукавицата од позиција на премиер.
Во тоа исто време јас во кафеански муабети му објаснувам на еден мој пријател, кој ми должи пари, кои сум му ги дал за адвокати, кои се позициите на Обединети за Македонија. Тоа што му го кажувам може бегалецот да го види во едно од трите снимени видеа, кои јавно се прикажуваа во судницата во Скопје, во Кривичниот суд, како јас му зборувам дека имам интервју во „Дневник” и го кажувам официјалниот став, кој беше пред 11 години, додека робував, а и денес – тоа е национална хармонизирана позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e