Борјан даруваше крвна плазма: Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество

Вчера, 24 годишниот Борјан даруваше крвна плазма за да им помогне на заболените од ковид-19, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Тој е излекуван пациент од овој непредвилив вирус и без размислување се одлучил да дарува конвалесцентна плазма за да спаси човечки живот. Горд сум што во овие тешки денови со светската здравствена криза на дело ги покажуваме нашата хуманост и грижа, истакна Филипче.

Младиот Борјан вели дека, оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество.

„Дарувањето на крвна плазма не е хуманост, ниту пожртвуваност, туку минимален чин на одговорност кој секој од нас е должен да го понесе за да им помогне на оние кои им е најмногу потребно – заболените од коронавирус. Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество. Но, исто така преку дарувањето на конвалесцентна плазма им даваме и силна поддршка за белите мантили кои секојдневно се изложуваат на ризик во првите борбени редови против светската пандемија. Да ги спасиме нашите родители, баба и дедо“, посочи Борјан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e