Боки ми кажа дека Катица и Лиле сè ќе средат, изјави Камчев пред судот

Бизнисменот Орце Камчев на денешното рочиште за случајот „Рекет“ пред судот соопшти дека првообвинетиот Бојан Јовановски му ветил дека третообвинетата Катица Јанева и специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ќе му помогнат во отворениот случај против него.

Обвинителката Стефанова го води случајот „Империја“, каде десетици фирми се дел од истрагата за случајот, во која главни осомничени се токму Камчев и Сашо Мијалков.

– Одлучив да му го исплатам милионот кој ми го побара Боки 13, за кој ми вршеа голем притисок. Тој ми вети дека Катица (Јанева) се ќе среди заедно со обвинителката Лиле (Стефанова). Катица ми кажа, тоа што го договараш со Бојан (Јовановски) да го завршиш, изјави Камчев.

Тој потоа изјави дека случајот го пријавил кај премиерот Зоран Заев.

– Одлучив да пријавам кај премиерот. На средбата му кажав се. Тој беше запрепастен. Имавме и втора средба. Каде му покажав докази. Ми рече да му оставам неколку дена. После ми се јави и ми кажа сите докази да ги носам кај Рускоска. И така направив, додаде тој.

Сведочењето е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e