Денеска одбележуваме 20 години од загинувањето на поранешниот претседател, Борис Трајковски. Вистински лидер, великан на мирот и демократијата, кој со својата мудрост и посветеност даде значаен придонес за стабилноста и просперитетот на нашата земја.
Борис Трајковски ќе биде запаметен како претседател кој се залагаше за помирување и дијалог, и кој веруваше дека разликите меѓу луѓето може да се надминат преку разбирање и заеднички напори. Неговата визија за безбедна и демократска Република Северна Македонија продолжува да ни служи како инспирација и водич во сите наши напори за изградба на европско општество.
Слава му!, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.