Бочварски: Помогнавме и на жителите на Селце затрупани во снег, но итно се потребни институции на граѓаните!

Изјава,
Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ
Селце, 20.01.2017

Денеска дојдовме во село Селце за да им помогнеме на граѓаните коишто живеат овде. Живеат во тешки услови, затрупани во снег, затоа земавме механизација и дојдовме овде да им помогнеме на граѓаните.

Институциите на системот, и централната и локалната власт, не си ја завршија својата задача, кога се работи за снежните наноси.

Токму затоа граѓаните избраа промени коишто ќе значат подобар живот за сите, коишто ќе значат институции во служба на граѓаните. Затоа граѓаните бараат институциите што е можно поскоро да почнат да функционираат.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат кон овој апел и да им помогнат на граѓаните коишто се затрупани и завеани во снежните наноси во оваа зима.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e