Билетот на ЈСП од 1 февруари поскапува

Од први февруари сегашните електронски билетите од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена, но ќе имаат две возења. Ова е новата промена ја ЈСП и доаѓа по големата побарувачка на електронските картички, поради тоа што граѓаните после искористувањето на 5те возења ја фрлале картичката место да ја надополнуваат.

Од ЈСП велат дека досега вкупно се издадени околу 155 000 персонализирано и над 180 000 неперсонализирани картички. Тие потврдија дека има голема побарувачка за електринските картички и по три пати во денот се врши достава и се користат сите капацитети за да се одговори на потребите.

„Затоа наместо пет, од 1 февруари ќе има само 2 возење со цел граѓаните да ги користат картичките и понатаму и да не чекаат да платат во автобус или да купат нова картичка што е неисплатливо и невозможно. ЈСП со целиот свој  капацитет работи да ја сиполни побарувачката и да одржи континуитет на наплата. Доставата се врши во три смени.  “, велат од ЈСП.

Од таму велат дека количините кои беа на залиха и предвидени за месец јануари беа потрошени за пет дена и дека граѓаните не се доволно информирани околу користењето и за нив проблем е тоа што повеќе не се продава билет за едно возење.

Од ЈСП апелираат граѓаните кога ќе ја купат картичката и кога ќе ја потрошат, да не ја фрлаат зашто таа се надополнува.

„Само кога првиот пат се купува картичката се плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи граѓаните ја надополнуваат со колку сакаат возења и тоа само во билетарниците“, велат од ЈСП.

од таму објаснуваат дека може да се плаќа и со мобилен телефон. Така цената за едно возење чини 40 денари, а на вечерниот билет  50 денари.

Новиот систем  за наплата во автобусите се воведе на почетокот на годинава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e