Заев: Бигорскиот манастир е еден од најсилните врутоци на духовноста на МПЦ – ОА

Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

-Илјадагодишната традиција и придонесот во негувањето на духовното и културно историско наследство, грижата за уметничките реткости и постојаните социјални и хуманитарни активности на монасите од Бигорскиот манастир се длабоко втемелени и се дел од историјата на македонскиот народ. Со своето значење и убавина манастирот е значаен дел и од светското културно наследство, напиша Заев.
Премиерот во свое име и во име на Владата упати честитки по повод исклучителниот јубилеј – 1000 години од основањето од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до епископот Антаниски г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до монасите од манастирот, до Синодот и свештенството на МПЦ-ОА, како и до сите припадници на православното христијанство во чии срца овој манастир има посебно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e