Бибер: Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на Договорот со Грција

Договорот од Преспа за името заслужува широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за политички поени, посочи во интервју за МИА,  Флориjан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац.

– Ваков договор во идеална смисла би требало да има широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и Претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за добивање политички поени. Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот. Опозицијата во Црна Гора многу позрело настапи кога го поддржа референдумот за независност и не повика на бојкот, вели Бибер запрашан дали политичката поделеност во земјата може да предизвика нестабилност и компромитирање на договорот и референдумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e