Без разлика дали ќе има нови избори платформата не се повлекува

Трите партии ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците кои се и потписнички на албанската платформа истакнуваат дека нема да ја повлечат бидејќи истата не е против Уставот на Македонија, не го загрозува унитарниот карактер, ниту пак е закана за безбедноста на државата.

„Нормално размислуваме за да дадеме придонес за надминување на оваа ситуација, но, сакаме да повикаме дека секоја тенденција на злоупотреба на фактот на Албанците дека тие постојат во оваа земја тие да се демаркираат како проблем на земјата мислам дека е погрешно и како такво нема да помогне од излезот од кризата“, изјави Теута Арифи од ДУИ.

Од БЕСА, пак, велат дека може да се повлечат, но само ако и другите потписнички исто постапат.

„Нашиот став околу албанската платформа останува ист. Ние остануваме да ја поддруваме платформата, а истата може да ја повлечеме само заеднички. Ние остануваме посветени на нејзината имлементација“, Фејсбук статус на портпаролот на движењето Беса, Орхан Муртезани.

Алијансата за албанците семета дека шефот на државата ја користи платформата за да се прикрие криминалот што го откриваат прислушуваните разговори. И таму нема интерес за повлекување на платформата. И додека трите партии не се повлекуваат, за ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Заев и СДСМ се уценети со платформата, за како што тврдат потпишана во Тирана.

Повици за повлекување на албанската платформа стигнаа од различни страни со цел да се заврши политичката криза и партиите да се посветат на посуштински реформи на демократскиот процес.

Извор: 24vesti.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e