Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 91,50 ден/лит.
Од 28.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 96,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,368 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,656 ден/кг.
