Бабовски: Трипуновски ја заплашува јавноста,двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија

Нема токсичен јогурт пласиран на македонскиот пазар, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, по обвинувањата од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, дека пробиотски јогурт со зголемено присуство на афлатоксин од Србија е пуштен во промет во македонските маркети.

Како што истакна Бабовски, над 14 тони ваков јогурт се вратени во Србија со согласност на извозникот и надлежниот орган на оваа земја.

Притоа, првиот човек на АХВ ги повика и граѓаните доколку случајно најдат таков производ во маркетите, веднаш да пријават во неговата институција.

„Би замолил, и господинот Трипуновски и било кој граѓанин, доколку, од тие лотови на производство, во било кој маркет, најде таков производ со фискална сметка, нека го донесат кај нас. Понатаму, ние ќе си постапиме. А доколку нема, на стручните лица ќе барам јавно да им се извинам“

Испитувањето, додава Бабовски, при пратки увезени од странски земји, се врши на два начини – или на самата граница, или во специјални простории, каде тимови од АХВ вршат проверки на производите.

Доколку резултатот е позитивен, тогаш производот или се враќа во матичната земја или се уништува низ депониите во Македонија

„Ние имаме 17 инспекциски места во државата. Во местото на истовар се става под надзор, се зема мостра и додека не се добие резултат, тој производ не смее да се најде во промет. Под инспекциски надзор е цело време. Ако резултатот е негативен, тогаш производот може да се дистрибуира во малопродажба“

Бабовски објасни дека проблемот настанува бидејќи кај нас како референтно ниво на афлатоксин е земено европското од 0,05 микрограми во килограм, додека во соседните земји од кои се увезува млеко и јогурт дозволената количина е пат пати поголема, односно 0,25 микрограми. Но дури и во такви случаи опасност по здрвајето би имало евентуално при долготрајно конзумирање, вели Бабовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e