Анкетата на Телма предвидува сигурна победа на Пендаровски и значителна предност во првиот круг

Најновата анкета на Телма предвидува сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и солидна предност уште во првиот круг.

Споредбените резултати на двете анкети на Телма, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Силјановска и сега тој води со 4% во првиот круг. Оваа стабилна предност во првиот круг скоро сигурно ќе му донесе победа на Пендаровски во вториот круг, ако се земе предвид дека Силјановска нема воопшто поддршка од етничките Албанци.

Очигледно е дека во досегашниот дел од кампањата Пендаровски успева да допре повеќе до неопределените и да ја зголемува поддршката. Според аналитичарите ако ваквиот тренд продолжи а Силјановска не смени нешто во кампањата, до 21 април разликата може да се зголеми уште за минимум 2 до 3 проценти во негова корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e