Анкета на Телма и МЦМС: 24,3 отсто за СДСМ, 20,9 за ВМРО-ДПМНЕ

Водство на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ покажуваат резултатите од анкетата на Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект од 4 до 11 септември на репрезентативен примерок од 1005 испитаници.

На прашањето за која партија ќе гласате ако утре се одржат избори 24,3 проценти се изјасниле за СДСМ, 20,9 проценти за ВМРО-ДПМНЕ, 8,9 отсто за ДУИ, 3,1 отсто за Беса и 2,7 отсто за Алијанса на Албанците, 12,9 отсто од исппитаниците се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија, а 14 и 18,6 не знаат или не сакаат да кажат.

На прашањето во кој политичар имате најголема доверба испитаниците одговориле дека 26,2 од испитаниците се изјасниле за Зоран Заев, 19,7 за Никола Груевски, 9,4 проценти за Ѓорге Иванов, шест проценти за Али Ахмети и 3,4 проценти за Зијадин Села.

Резултатите од анкетата на прашањето за која партија гласавте на последните Парламентарни избори покажуват дека 26,9 отсто биле за ВМРО-ДПМНЕ, 24,8 за СДСМ и 7,1 отсто за ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e