Анкета на Детектор: Над 90 отсто од граѓаните ги поддржуваат владините мерки против короната

Речиси сите, или поточно над 90 отсто од испитаниците во анкетата на емисијата Детектор на телевизија Сител, ги поддржуваат и ги сметаат за исправни владините мерки кои се преземаат против ширењето на корона вирусот.

93 проценти од граѓаните ја поддржуваат забраната за јавни собири, 91 процент од нив одговориле дека треба да се остане во изолација и да не се отвораат училиштата, градинките, рестораните и другите јавни места кои што се затворени. 87 отсто од испитаниците во анкетата одговориле дека ја поддржуваат казнената политика на полицијата која санкционира непочитување на мерките за самоизолација.

Освен што граѓаните веруваат во владините мерки, тие во голем процент во анкетата изразиле и доверба во министерот за здравство, Венко Филипче, дури 82 отсто му веруваат во тоа што го прави, во здравствениот систем доверба имаат 65 отсто од испитаниците, односно веруваат на лекарските тимови дека ќе бидат на ниво на задачата и дека ќе им помогнат на граѓаните.

Голем дел од населението е исплашено за своето здравје, 93 отсто одговориле дека се плашат од корона вирусот, но сепак се оптимисти дека нема да има недостаток од храна и лекови и дека Министерството за здравство има капацитет и услови да ја надмине здравствената криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e