Аневски: Да се назначат други обвинители на местото на Јанева и Фетаи

Советот на јавни обвинители на седницата која ја одржал вчера заклучил дека Специјалните јавни обвинителки, Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

„Вчера ја разгледувавме претставката од в.д. претседателката на Кривичниот суд, Татјана Михајловска во врска со настанот од 22. 2 .2017 година кој што се случи на главниот претрес кога јавните обвинителки беа казнети со парична казна. Советот изврши увид, односно преглед на цедето кое беше во прилог и донесе заклучок дека јавните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители на Македонија. Исто така дадовме препорака до јавниот обвинител дека ќе треба да ја разгледа можноста за определување нов обвинител во овој конкретен случај, мислам дека беше „Насилство“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Утврдивме дека ги прекршиле основните начела на Етичкиот кодекс, особено членот 14 каде е регулиран односот меѓу судот и обвинителите“, изјави Петар Аневски, претседателот на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e