АНАЛИЗА: Ќе го победи ли СДСМ 8:0 ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг во општините од И.Е.3?!

Во првиот круг од локалните избори на 17 октомври, опозициската ВМРО-ДПМНЕ во општините кои се во Изборната единица три, во првиот круг освои градоначалници во Велес, Штип, Свети Николе, Виница, Илинден, Кратово, Петровец, Карбинци, Градско и Зрновци, додека владејачката СДСМ во Крива Паланка, Делчево и Берово.

На прв поглед, ВМРО-ДПМНЕ може да се гледа себе си како победник во првиот круг. Но што покажуваат анализите и бројките за општините каде партиите ќе се борат во втор круг?

ВМРО-ДПМНЕ  во вториот круг води во три, додека СДСМ има водство во шест општини. Интересен е фактор што и во тие општини каде има водство опозициската партија, сепак вкупниот број на гласачи кои припаѓаат на владејачката коалиција (СДСМ/ЛДП/ДОМ) е далеку поголем од опозицискиот. Што пак значи дека СДСМ има огромни шанси во вториот круг да ги освои осумте општини каде ќе се натпреварува со ВМРО-ДПМНЕ а во деветтата општина, односно во Чашка исто така влегува во трка како првопласирана, но таму како противкандидат го има ДУИ.

Зелениково, (СДСМ/ЛДП/ДОМ имаат повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ)
Чешиново-Облешево,(СДСМ/ЛДП/ДОМ имаат повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ)
Кочани, (СДСМ води во првиот круг пред ВМРО-ДПМНЕ)
Пробиштип, (СДСМ води во првиот круг пред ВМРО-ДПМНЕ)
Македонска Каменица, (СДСМ води во првиот круг пред ВМРО-ДПМНЕ)
Пехчево, (СДСМ води во првиот круг пред ВМРО-ДПМНЕ)
Лозово, (СДСМ води во првиот круг пред ВМРО-ДПМНЕ)
Чашка, (СДСМ води во првиот круг пред ДУИ)
Ранковце (ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг води со 88 гласови пред СДСМ, но остануваат 319 гласови кои во првиот круг ги освои третопласираниот независен кандидат, кој 2017г стана градоначалник со поддшка на СДСМ).
Гласањето е во недела на 31 октомври, кога ќе се знае точниот исход од вториот круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e