Амди Фенер и јавниот предлог до Зоран Заев

Ај да му пишам на господинот Зоран Заев, за да му дадеме можна шанса да ја куртули нашата заедничка и чудесна Македонија, за да можеме после слободно и без грижа да пишуваме за тоа како се припрема англискиот чај Ерл Греј, или пак да пишуваме за Донжуанските авентури на охриѓанецот Амди Фенер Шербетчи во Цариград или пак да чуеме некој најнов охридски виц или некоја животна мудрост од неговиот зет, вистинскиот ефендија во секој смисол на зборот, охриѓанецот Дервиш Кахвеџи беј.

Јавен предлог до господинот Зоран Заев

Почитуван Господине Заев,

Ако ви е блокиран Скопскиот Парламент на Македонија, зошто не им предложите на 67 пратеници и нивните партиски лидери да отидете заедно во легендарното Крушево, и таму да го формирате новиот модерен Парламент на Република Македонија, кој би бил по урнекот и примерот на тогашната Крушевска Република, првата Република на Балканот, каде што беа претставени сите нејзини тогашни жители…и Македонците, и Албанците, и Власите и Турците, и останатите кои живееја во неа.

Ако и таму ве блокираат, тогаш отидете во Манастирот Прохор Пчињски, ако и таму не може, тогаш обидете се во блиското Пелинце, ако и таму ве блокираат, тогаш изберете било кое планинско село во Република Македонија, кое ќе биде овековечено во модерната историја на нашата идна модерна заедничка Република Македонија.

Ако и таму ве блокираат со сите два хеликоптери, тогаш отидете сите 67 народни избраници, заедно со другите партиски лидери во Брисел како претстолнина на нашиот заеднички стремеж ЕУ, и таму во една поголема просторија, изберете нов парламент и нова влада, ако треба и во егзил.

Ако и тоа биде блокирано од икс, ипсилон причини, тогаш седнете вие и сите други народни пратеници пред вашите компјутери во вашите партиски канцеларии, секој од вас во градовите од каде сте избрани сите 67-те пратеници, и преку видео скајп конференција, формирајте ја Новата Модерна (најмодерна) Заедничка и прозападна Република Македонија, користејќи го интернетот како најмодерно и најдемократско орудие на 21 век, за 21 вековна модерна и прозападна Македонија, која ќе служи за пример за целиот демократски прозападен свет.

Искрено ваш,

Агрон Биба,

Во јавна комуникација преку интернет и интернет портал со вас и целата јавност во Македонија, од мојата дневна соба.

П.С: (знам дека сите сакате да чуете што ми порача дервишот)

Дервиш Кахвеџи ми рече-“ Агрон, дикатла, бунлар д’р кар’ш’к вак’тлар… Акшам олур, капа капи, сабах олур, капа агз’ни”

……(во превод)……..

Агрон, биди внимателен, ова се матни времиња, навечер затвори(заклучи) си ја вратата, a наутро затвори си ја устата.

Убав совет.

Татковски совет.

‘Не успеав да го опитам, з’ш не спомна нишчо за пишењето. Дали пишењето е дозволено?’

Вие драги читатели, што мислите, каква беше пораката на Дервиш Кахвеџи, тој знае дека јас пишувам?!?

Агрон Биба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e