Алсат: Јанакиески и Спиро Ристовски нападнати во Шутка

Миле Јанакиески, поранешен министер и осомничен дека бил организатор за насилниот 27 април, денеска бил претепан во истражниот затвор Шутка, каде отслужува 30 дневен притвор.

Нападнат бил и Спиро Ристовски, кој исто така од синоќа е во притвор во истражниот затвор, Шутка, дознава Алсат од извори во затворот. Неофицијално, нападот се случил во дворот додека притворениците шетаат, а расправијата започнала кога друго лице и Ристовки влегле во вербална расправија и настанала меѓусебна турканица. Неофицијално, по настанот двајцата биле прегледани и однесени на лекар.

Инаку, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обивнителството ги сомничи декла се дел од петмината кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април, пред две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e