Ако здравствените власти дадат зелено светло за избори, на гласање ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните

Ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека
ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии, се вели во најновото истражување на Детектор.

За граѓаните е многу важно и присуствово на набљудувачите на меѓународните мисии, пред се на ОБСЕ и ОДИХР. Според резултатите од истражувањето, 58,8 отсто од граѓаните велат дека без присуство на меѓународните мисии изборите нема да ги сметаат за фер и веродостојни додека само 19 отсто велат дека немаат проблем со тоа.

Три четвртини од анкетираните или 76,3 отсто велат дека на следните избори, државата треба да обезбеди маски, ракавици и пенкала за гласање, додека 15 отсто сметаат дека нема потреба за тоа.
Во однос на очекувањата на граѓаните за рестриктивните мерки, 59,3 отсто од нив сметаат дека
следниот месец, мерките ќе бидат помалку рестриктивни, 23,2 отсто не очекуваат некоја промена
додека 7,4 отсто очекуваат мерките да станат уште порестриктивни.

Во однос на економската состојба, 30,7 отсто од граѓаните очекуваат таа во наредниот месец да се подобри, 30,5 отсто очекуваат влошување, а 27,5 отсто од граѓаните сметаат дека таа ќе остане иста како и досега.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски во периодот од 13 до 14 мај
годинава, врз репрезентативен примерок од 1.108 испитаници со маргина на грешка од плус- минус три отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e