Ахмети: Без Охридскиот и Преспанскиот договор, никој нема да не има за партнер

На Четвртиот изборен конгрес на ДУИ, вечерва Али Ахмети повторно е избран за лидер на партијата. Во неговото обраќање, Ахмети предупреди дека мора да се почитуваат Охридскиот договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство.

„ Нема враќање назад. Нема ниту простор ниту време за да гледаме назад, ова се затворени прашања и обезбедуваат една посигурна иднина на РСМ. Секое настојување за ставање раце на овие три елемнти ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери, бидејќи се доведува во прашање иднината на нашите граѓани и идните генерации“, предупреди лидерот на ДУИ.

Тој додаде дека ДУИ е во комуникација и соработува со сите политички партии, разлики имало, има и сега, но рече разликите не смеат да ги стават под прашање интересите на општеството и државата. Евроатлатските интеграции, рече не може да се заменат со други иницијативи. Се заложи за помирување во регионот, за развој, бидејќи, вели, патот кон создавање стабилност и мир е единствениот евроатлантски пат. Земјата е пред реално челенство во НАТО, а останува да се продолжи работата кон членство во ЕУ. Најави и победа на претстојните предвремени избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e