„Аџибадем Систина“ го тужи Боки 13 за долг од  634.251 денари

Приватната клиника „Аџибадем Систина“ го тужи Бојан Јовановски – Боки 13, за неплатени  634.251 денари за операција за стеснување на желудникот. Денешното рочиште беше одложено откако е откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот.

„Аџибадем Систина“ му ја испратила фактурата на Јовановски уште во април, но тој не ја платил. Освен за операцијата на желудникот, во вкупната сума, според полномошникот на клиниката, биле пресметани и третманот и услугите што ги добивал таму тужениот.

Бојан Јовановски се наоѓа во притвор од 15-ти јули. Со него заедно е обвинета и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски викан Кичеец.

Расправата за случајот е одложена за 20-ти декември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e