Ацевски за една изборна единица: Фер е секој еден глас да добие важност

Една изборна единица е најдобриот модел за државата и тоа е преизборно ветување на СДСМ, вели пратеникот Костадин Ацевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Една изборна единица беше предизборно ветување, но тоа не е додворување на помалите коалициони партнери, ова е за да не се губи гласот кон малите партии, тоа би не чинело и нас и ВМРО-ДПМНЕ пратенички мандати, но фер е секој еден глас да добие важност. Во 2о17 година имавме локални избори, во 2018 година имавме референдум, во 2019 година имавме претседателски избори, па сега е време да ги донесеме овие измени“, рече тој.

Ацевски смета дека изборниот модел со 120 изборни единици не е модел кој би можел да се имплементира во државата, зошто со мала разлика во гласовите би можело една партија да добие дво-третинско мнозинство.

„Има голема разлика во концептите, ако се доближиме, се е спроведливо. Јас лично никогаш не би се откажал од концептот една изборна единица, поготово не за концептот на мнозински изборен модел, 120 единици, нешто што ќе не врати 30 години назад. 120 изборни единици не донесува за демократијата, ќе доминираат големите партии. Теоретски е можно една партија да има 120 пратеници, или пак две партии да ги делат пратеничките места“, истакна пратеникот на СДСМ.

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска пак, ставот на партијата е да има измени, но со 120 изборни единици, а секој граѓанин да може да гласа за некој претставник кој го знае и кој може да му биде тука секогаш, а не за некој кој не го знае. Таа смета дека е пратеник и на граѓаните и на партијата, бидејќи ако не ја прифатела идеологијата на партијата не би била пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e