Со над 2.000 потпишани договори и вкупна искористеност од 97% преку #ИПАРД2 програмата, Република Северна Македонија е лидер во регионот. Токму затоа со новата #ИПАРД3 програма #ЕУ ги зголеми средствата за 62%, со што на располагање имаме 97 милиони евра неповратни пари за модернизација на македонското земјоделство.

Она што е новина со ИПАРД 3 е авансната исплата на 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот.
– Покрај ИПАРД во 2023 година ќе имаме и нови инвестиции, преку поддршка од Светска Банка за модернизација и изградба на трите најголеми капитални проекти, откупните центри во Ресен, Струмица и Скопје. За прв пат во државата ќе се изградат вакви современи објекти со кои преку безбедно отстранување на нус производите од животинско потекло, ќе придонесеме за намалување на стакленичките гасови, со што Северна Македонија ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа.

Ова се дел од клучните поенти кои ги потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на „Година на нови можности“ Панел 4 – Рамномерен регионален и локален развој – придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството.