700 пакети од семејството на Зоран Заев за најпогодените општини од корона вирусот, Куманово и Дебар

Во соработка со општинските кризни штабови на најпогодените општини од корона вирусот, Куманово и Дебар, семејството на претседателот на СДСМ Зоран Заев со помош на волонтерите од струмичкиот општински кризен штаб и хуманитарни невладини друштва, во текот на денешниот ден ќе спремаат и утре ќе испорачаат вкупно 700 пакети со прехранбени продукти од кои 500 за Куманово и 200 за Дебар.

Помошта ке се испорача на место и во договорен термин со општинските кризни штабови. Истата ке биде само доставена, а понатамшната дистрибуција до домовите на луѓето ке го вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери.

Сега е време на општествена одговорност, сега е време на солидарност и само постапувајки така сите заедно можеме да го победиме корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e