68-годишен скопјанец силувал 14-годишно дете со години, снимал и порно-материјал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
– Лишен од слобода маж од Скопје поради “силување на дете кое не наполнило 15 години”, поднесена кривична пријава и одреден му е притвор
Во текот на вчерашниот ден (27.04.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш. (68) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” по чл. 188 од КЗ, односно затоа што од 2023 година принудувал на сексуални односи малолетник од Скопје, а го злоупотребувал и за снимање видео материјал со порнографска содржина, информираа од полицијата.

Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина. На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица.

Имајќи го предвид ризикот од бегство, можноста за влијание врз сведоците и особено малолетната жртва, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e