52-годишен полицаец од Куманово денеска починал, а вчера му било утврдено дека е заболен од коронавирус

52 годишен полицаец од Куманово денеска починал, а вчера му било утврдено дека е заболен од коронавирус. Според информациите кои ги пренесе Телма полицаецот бил ангажиран на новиот граничен премин Белановце кон Косово.

Последните десетина дена не одел на работа, на 25-ти март земал слободни денови бидејќи не се чувствувал добро. Вчера откако ги добил позитивните резултати на Ковид-19, била погребана и неговата мајка за која не е познато дали била заразена.
Ова е прв полицаец кој подлегна на Ковид-19, а погребот поради состојбата најверојатно ќе се изврши без полициските почести за починат припадник на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e