450.000 ЕВРА ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ САКАЛЕ ДА СИ ГИ ПОДЕЛАТ КАКО НАГРАДИ. МЗШВ им го ПОНИШТИ незаконскиот договор

НЕБУЛОЗНО ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО НЕЗАКОНСКИ СКЛУЧЕН – ВЕЌЕ ОТКАЖАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ПРЕКУ КОЈ САМО ПО ОСНОВ НА ЕДЕН ЧЛЕН ЗА ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ БИ БИЛЕ ИСПЛАТЕНИ НАД 450, 000 ЕВРА, ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ

Колективниот договор кој е незаконски склучен на 12.02.2021 помеѓу Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, претставен од тогашниот министер Аријанит Хоџа од една страна и Синдикат на вработените од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ги содржи следните небулозни членови:

Чл 25

Платено отсуство

Вработениот има право на платено отсуство од работа во текот на календарската година и тоа:

– За учество на спортски игри, синдикални школи, семиниари и други активности на вработените организирани од страна на Синдикатите – 4 работни дена

– За одбрана на магистратура или докторат -3 работни дена

– За селидба на семејството од едно во друго место – 3 работни дена

Чл 27

Неплатено отсуство

Вработениот има право на отсуство од работа без надомест на плати и придонеси на плата најдолго до три месеци во текот на календарската година:

– За изградба, доградба или поправка на куќа или стан

– За учество на спортски или други манифестации што не се дел од синдикаланите активности

– За учество на конгреси, конферецнии и слично што не се дел од синдикалните активност

Член 44

Надоместок за работа во комисии и работни тела на Владата на РСМ

Вработениот кој со решение на министер, односно одлука на Влада извршува работни задачи во комисии има право на паричен надоместок во висина од 800 денари по работен ден. Вработен кој со решение или одлука е задолжен да работи во работни тела на Владата има право на месечен надоместок во висина од 10% од просечена плата исплатена во РСМ за претходната година. Надоместоците се однесуваат за членови на синдикатот.

Член 47

Дневници за службени патувања во земјата во висина од 700 денари доколку патувањето трае подолго од 12 часа, и 350 денари ако патувањето трае од 8-12 часа

Теренски додаток во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Во член 47 е предвидено во случај на смрт на вработен на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три просечни плати исплатени во Република Северна Македонија за предходната година што е три пати повисоко од надоместокот утврден во гранскиот колективен договор и законот за извршување на буџетот за 2021 и 2022 година.

Во член 49 е предвидено на вработениот кај работодавачот му следува јубилејна награда и тоа за членови на синдикатите јубилејна награда се исплаќа во висина по предходно донесено решение од работодавачот во:

Износ од 50% од просечна плата за 5 години кај работодавачот;

Износ од 100% од просечна плата за 10 години работа кај работодавачот;

Износ од 150% од просечна плата за 15 години работа кај работодавачот;

Износ од 200% од просечна плата за 20 години работа кај работодавачот;

Износ од 250% од просечна плата за 25 години работа кај работодавачот и

Износ од 300% од просечна плата за 30 години работа кај работодавачот.

Очекувањата се дека само по основ на право на јубилејна награда 80% од вработените треба да добијат најмалку по една просечна плата во тековната година, односно над 450.000 евра пари на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e