ПРЕКУ ПРОГРАМИТЕ НА МЗШВ ЗА ПОДДРШКА, предходните години многу мали винарии го отворија СВЕТСКИОТ ПАЗАР

Се затвори 5-то издание на Денот на Станушината, кое оваа година се одржа на 3 локации во Кавадарци и Скопје.
698504316_1438155721674643_6647769435331611018_n
“Во овие 3 дена дружење, забава и дегустација, над 400 гости имаа можност да уживаат во прекрасните вкусови на 30 различни етикети од Македонската Принцеза. Посебно горди на присуството на Амбасадите на Америка со Н.Е. Nicoles Varnes и на Јапонија Н.Е. Кавахара Сецуко.
Сето ова намеше да се случи доколку со многу елан, енергија, не се промени законот за вино во 2020 година при што се регистрираа првите 11 мали семејни винарии производители на вино. Тоа беше една од најдобрите работи што и се случиле на Македонија во време на корона кризата. И потоа топката почна да се тркала и застанување нема. Денес сме горди да кажеме дека над 200 семејни домакинства се регистрирани како мали семејни винарии, своето грозје го преработуваат во вино и успеваат да добијат додадена вредност на својот производ.
Многу мали винарии во последните години го отворија светскиот пазар и заедно со нашиот вински амбасадор Jadranka Klaric успеавме да го пласираме Македонското вино во Америка, Словенија, Данска, Србија, Австралија, Белгија, Швајцарија и да се донесе девизен прилив во државата.
Сето ова немаше да биде можно без програмите од МЗШВ кои ги поддржуваа малите семејни винарии за купување на опрема и модернизирање на процесот на производство на вино и тоа во 2 транши, 2022 година за 59 мали семејни винарии и 2023 за 80 мали винарии.
Поддршката од Министерството за култура и туризам за мапирање на винариите, отварање на вински патишта, треба Тиквешкиот регион да го направат Македонска Тоскана, односно преку винскиот туризам да се оставаат големи финансиски срества и да се промовира државата.
Се надеваме дека и раководството на Министерството за земјоделство ке продолжи да ги помага малите винарии во осовременување на производството, во градење на дегустациони сали, помош при извозот на вино и други работи.
Асоцијацијата на македонски семејни винарии, е најголемо здружение кое обединува 86 винарии од цела Македонија.” – посочуваат од тиквешки семејни винарии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e