Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој денеска е во посета на кочанскиот регион, од село Оризари, го најави почетокот на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини.


– Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода. Лично дојдов да се уверам во тоа. Оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со другите култури од овој регион 4200 хектари земјоделски површини, посочи министерот Николовски.
Нека тече вода, нека ги храни оризовите полиња, нашето бело македонско злато. Нека е лесна и плодна работата на нашите оризопроизводители, додаде тој.


