1ТВ во живо од свеченото подигнување на знамето на НАТО пред Владата

1ТВ го пренесува во живо свеченото подигнување на знамето на НАТО и обраќањето на премиерот Зоран Заев пред платото на Владата.

Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија“. Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Свечената церемонија може да ја погледнете во видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e