19 милиони евра од уплатите за пензии се краделе во време на министрите Спирo Ристовски, Диме Спасов и директорите на ДУИ

Скопското јавно обвинителство за случувањата во ПИОМ се информираше од медиумите. Очекуваме Министерството за труд и социјална политика да достави релевантна документација, како што најави, за да ги провериме по службена должност тие наоди“, изјави за СДК јавниот обвинител на Скопје Сашо Рајчев.

За 10 години, во Фондот за пензиско е направена дупка од речиси 500 милиони евра како последица на, како што велат од министерството, погрешни политики на претходната Влада и ад хок покачувања на пензии надвор од законската рамка, која предвидува усогласување на пензиите со трошоците за живот двапати годишно. Дупката од 500 милиони евра се покрива со средства од буџетот. За време на владеењето на поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски, неколку пати линеарно беа зголемувани пензиите, последен пат пред парламентарните избори во декември 2016 година, кога пензиите беа покачени за 670 денари, откако претходно во мирување беше ставено редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот.

Повеќе ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e