Костадинов: Сериозни информации укажуваат на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ со сите можни сили се обидува и пред претставници на меѓународната заедница да направи државата да не отпочне преговори за членство во ЕУ

„Пред да влезам во студиото добив информации за разговори на високи структури на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на меѓународната заедница, а во однос на донесувањето на одлуката на ЕУ за започнување преговори”, изјави портпаролот Костадин Костадинов од СДСМ на вечерашното гостување во „ТОП ТЕМА”

-Сериозни информации укажуваат на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ со сите можни сили се обидува и пред претставници на меѓународната заедница да направи Република Северна Македонија да не отпочне преговори за членство во ЕУ. Целото тоа деструктивно однесување имавме можност  да го гледаме и во Собранието и на прес-конференции и во и нивните изјави, вели Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e