Во скопското село Кондово се случил инцидент во кој 48-годишна жена се здобила со повреди од струен удар додека престојувала во штала.
Според информациите од МВР, на 15.04.2026 околу 16:00 часот, жената Ш.А.Е. од с. Грачани била повредена во штала во селото, по што веднаш била повикана помош.
Повредената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, каде ѝ е укажана лекарска нега.
Во инцидентот угинало и едно домашно животно. Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
