Трагедија го потресе Скопје, кога осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.
На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид, информираа од МВР.
