Заврши изградбата на локален пат до две планински села во Виничко

Локалната самоуправа на Виница ја заврши изградбата на локалниот патен правец до планинските маала Капетанци и Балинци, со што жителите на селата Драгобраште и Грљани добиваат современо и побрзо сообраќајно поврзување.

Иако, беше планирано градежните работи да завршат пред три месеци, поради епидемијата од Ковид-19 беа прекинати, а деновиве се комплетираа со поставувањето нов асфалтен слој.

-Двете планински маала се наоѓаат во најруралниот дел и од општинскиот центар се оддалечени околу 20 километри. Овој патен правец е дел од општинската развојна програма и во оваа фаза беше пробиена и подготвена земјена траса во должина од два километра, по што следуваше и асфалтирање на коловозот со широчина од четири метри. Покрај тоа се изгради и придружна инфраструктура за одвод на атмосферската вода, како и странични банкини со широчина од 75 сантиметри. Во втората фаза е планирано патот да се продолжи до планинското маало Витлари, со што ќе се овозможи поврзување на стариот пат за Делчево, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

За изградбата и асфалтирањето на овој патен правец преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се обезбедени близу 11,6 милиони денари, а Општината кофинансираше со 7,4 милиони денари од сопствениот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e